На 11.02.2025 околу 19.10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен 59 – годишник од Гостивар.
Според пријавеното, додека спиел во семејната куќа, неговата 21- годишна ќерка, лице со здравствени проблеми, со остар предмет му нанела повреда, информира СВР Тетово.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот.