Ракомет сп

Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале

Овој епилог ја растажи Македонија, која сега треба да игра против Франција без императив, а таква е и ситуацијата со нашиот вечерашен противник, кој досега не ја почувствувал горчината на поразот во натпреварувањето.

Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале

Унгарската ракометна репрезентација во последното коло од втората фаза на натпреварувањето ги совлада избраниците на Катар со 29:23 (12:12), со што заедно со францускиот тим се пласираа во четвртфиналето.

Овој епилог ја растажи Македонија, која сега треба да игра против Франција без императив, а таква е и ситуацијата со нашиот вечерашен противник, кој досега не ја почувствувал горчината на поразот во натпреварувањето.

Пласман во четвртфиналето веќе обезбедија селекциите на Данска, Германија, Франција, Унгарија, Португалија и Бразил, а единствената дилема е во групата 4 каде за двете места во нокаут-фазата ќе се борат Хрватска, Египет и Исланд.

Сите три екипи имаат по шест бода. Исланд игра против Аргентина, Египет против Зеленортските Острови, а Хрватска против Словенија.

Доколку сите три селекции победат, Хрватска и Египет ќе се пласираа во четвртфиналето, додека Исланд ќе остане со кусите ракави.

To top