Регион

ВИДЕО: Во престрелка убиен водачот на „лешинари“, добро познат на јавноста

ВИДЕО: Во престрелка убиен водачот на „лешинари“, добро познат на јавноста

Во бањалучкиот ресторан „Стара Ада“ вечерва дошло до пукање, а на терен се полиција и брза помош, пренесуваат српските медиуми.

Според медиумите, во престрелката е убиен Дејан Костиќ- Дела, еден од водачите на навивачите на бањалучки Борец, „лешинари“.

На јавноста ѝ стана познат откако малтретираше келнер, а снимката стана достапна за јавноста. Извесен период беше и член на ФК Борац, како предводник на навивачите на тој клуб.

Во 2011 година тој беше осуден на 5 години затвор, заедно со уште две лица, за обид за убиство во април 2010 година.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

За трагите од престрелката сведочат дупки од куршуми на прозорците на овој ресторан. Во Бања Лука во моментов има присуство на голем број полицајци и медицински персонал.

To top