Познати по тешката година

ФОТО: Кејт Мидлтон го прослави 43 роденден, Вилијам и’ честиташе со емотивна порака полна поддршка

Роденденската честитка е испратена и од официјалниот профил на монархијата.

ФОТО: Кејт Мидлтон го прослави 43 роденден, Вилијам и’ честиташе со емотивна порака полна поддршка

По повод 43-тиот роденден на неговата сопруга Кејт, принцот Вилијам ја пофали нејзината „за восхит вредна“ сила што ја покажа во изминатата турбулентна година обележана со нејзината борба со ракот, опишувајќи ја како „неверојатна сопруга и мајка“.

Изминатата година на принцезата од Велс беше обележана со болест, абдоминална операција и хемотерапија, кои ја оддалечија од нејзините должности и очите на јавноста.

„До најневеројатната сопруга и мајка: Силата што ја покажа во текот на изминатата година е восхитувачка“. Џорџ, Шарлот, Луис и јас сме горди на тебе. Среќен роденден Кетрин, те сакаме“, напиша Вилијам на нивните официјални профили.

Пораката беше придружена со нејзина црно-бела фотографија.

Роденденската честитка е испратена и од официјалниот профил на монархијата.

„Среќен роденден на принцезата од Велс“, гласеше пораката од кралското семејство.


Кејт го прослави роденденот во мир во својот дом во Виндзор, на околу 50 километри западно од Лондон.

To top