Вести дефокус од „црните листи“ и криминалот

Вицепремиерот Стоилковиќ во „Наткаст“: Интерпелацијата е продолжение на тактиката на ДУИ за политичка дестабилизација на Македонија

Ова е дел од трасираната агенда на ДУИ за дестабилизација на државата, посочува вицепремиерот, ценејќи дека интерпелацијата и политиките на ДУИ немаат никаква „блага“ врска со реалноста.

Вицепремиерот Стоилковиќ во „Наткаст“: Интерпелацијата е продолжение на тактиката на ДУИ за политичка дестабилизација на Македонија

Во политиката нема ништо случајно ни наивно, ниту пак тие (ДУИ) се наивци во политиката, напротив, изјави вицепремиерот и прв човек на министерството за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ во новата епизода на „Наткаст“ со Љупчо Цветановски. Ова е дел од трасираната агенда на ДУИ за дестабилизација на државата, посочува вицепремиерот, ценејќи дека интерпелацијата и политиките на ДУИ немаат никаква „блага“ врска со реалноста.

– И без оглед на се’ треба максимално сериозно да се пријде кон утрешниот ден, за да се заврши се’ на најдобар можен начин, со оглед на тоа што ова не е класична интерпелација во смисла дека тие имаат одереден број на гласови или политичка атмосфера за спроведување на некоја нивна одредена политичка програмска определба, напротив, ова  е продолжување на она што беше пред објавувањето на црната листа, а тоа е продолжување со обидот да се влијае врз населението, за да во блиска иднина се предизвика политичка дестабилизација во државата, така што од тој аспект работите се сосема чисти и јасни. И тие сеат гола омраза и се во обид да ги прикажат Албанците дека се загрозени во Македонија, како и албанскиот јазик и сето останато, ќе се обидат да направат хомогенизација кај дел од населението во државата за да можат да спроведуваат некави си нивни политики. Мојата оценка е дека ниту интерпелацијата, ниту нивните политики немаат „блага“(никаква) врска со реалноста, но да ги оставиме самите да се уверат во таквото нешто, потенцира вицепремиерот Стоилковиќ во „Наткаст“ на КУРИР.МК.

Најнови вести од Вести

To top