Европската унија гледа посветеност и позитивен развој на настаните кога станува збор за неопходните и долгоочекувани реформи во Босна и Херцеговина (БиХ), најави денеска европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.
„Многу работи се случија од нашата претходна средба во Сараево. Гледаме посветеност. Гледаме позитивен развој во однос на толку потребните и долгоочекувани реформи“, рече Вархеји.
Лидерите на политичките партии од Босна и Херцеговина се сретнаа со Вархеји во Брисел, пред почетокот на политичкиот форум на високо ниво меѓу ЕУ и Босна и Херцеговина за напредокот во европската интеграција на Босна и Херцеговина.
Сепак, медиумите утринава објавија дека ЕУ најверојатно нема да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина на претстојниот самит во Брисел.