Претседателот на САД, Џо Бајден потврди дека ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп следниот месец и ги осуди, како што ги нарече, „детските игри“ на републиканците.
– Секако дека ќе бидам таму, одговори Бајден на прашањето дали ќе присуствува на церемонијата на 20 јануари.
Тој потсети дека Трамп не присуствуваше на неговата инаугурација во 2021 година, станувајќи првиот американски претседател во последните 150 години што го прекрши овој обичај.
Бајден додаде дека неговата администрација ќе го поддржи мирниот пренос на власта и повика на крај на партиските поделби и блокади
. „Мораме да продолжиме напред и да го надминеме овој циклус на конфликти“, истакна тој.
– Фактот што Трамп не ги следи правилата на демократијата што ја создадовме не е мој проблем, рече Бајден во интервјуто за Мајдас Тач.
– Моја работа е да ја направам транзицијата остварлива и достапна, додаде тој.
– На крајот на краиштата, не можеме да продолжиме вака. Не можеме да продолжиме со овие детски игри, да си заминуваме кога не се согласуваме и да не соработуваме, рече Бајден. (МИА)