Македонија Таче бега од ОДГОВОРНОСТ

(ВИДЕО) Алфа го „улови“ Ковачевски во Собранието – не сакаше да одговори како тој како шеф на Груби не е осомничен за аферата „Лотарија“

Поранешниот премиер сега пратеник, денеска прв пат – откако и за него МВР поднесе кривична пријава – се појави во јавност. Претходните денови не ни одговараше на телефонските повици на Алфа. Денеска дојде на седница во Собрание, но не можеше да ги избегне новинарските екипи.

(ВИДЕО) Алфа го „улови“ Ковачевски во Собранието – не сакаше да одговори како тој како шеф на Груби не е осомничен за аферата „Лотарија“

Како Артан Груби може да е осомничен, а Димитар Ковачевски како негов шеф кој на дневен ред ги ставил точките поврзани со аферата „Лотарија“, да не е? прашува ТВ Алфа. Поранешниот премиер сега пратеник, денеска прв пат – откако и за него МВР поднесе кривична пријава – се појави во јавност. Претходните денови не ни одговараше на телефонските повици на Алфа. Денеска дојде на седница во Собрание, но не можеше да ги избегне новинарските екипи. Не се чувствува виновен за тоа што го откри МВР. Вели никогаш не го прекршил законот – ниту како претседател на Владата, ниту кога бил на позицијата заменик министер за финансии.

-Сепак вие бевте претседател на Владата, дали ви е страв од можна кривична одговорност бидејќи во вашиот мандат беа овие договори кои што сега се дел од кривична постапка?)

-Јас ви кажав дека целото работење е достапно на институциите, сепак седниците на Влада се колективни тела, каде што се носат одлуки и тие се носат согласно законите на Република Северна Македонија и уште еднаш ви повторувам дека на ниту еден начин немам учествувано како претседател на Влада, во работењето на јавните претпријатија и Акционерските друштва во државна сопственост

-Како Груби е осомничен, а неговиот шеф не е?

-Ви благодарам…, кажа Ковачевски заминувајќи.

Откако од МВР заработи кривична пријава, вели не знаел ништо повеќе од она што сите сме го слушнале. Се надева дека надлежните професионално ќе си ја завршат својата задача.

-Секако дека работењето треба да биде на увид на сите институции, тоа е прво. Второ во однос на информациите кои што беа пласирани во јавноста, тие си информациите со кои што и јас единствено располагам, бидејќи не сум бил контактиран од институциите, се надевам дека институциите целиот тој процес ќе го водат на непристрасен и на професионален начин, така како што треба, изјави Ковачевски.

Според кривичната пријава од МВР, Ковачевски по претходен договор со поранешниот директор на Лотарија Прпарим Бајрами, на владината седнива ја ставил на дневен ред точката и усвои постапка за основање на трговското друштво „Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје“, иако знаел дека материјалите не се разгледуваат на седница согласно Деловник за работа на Владата. Со ова овозможил друштвото да стекне право да приредува игри на среќа без лиценца и на одговорните лица им овозможил противправна имотна корист од речиси милион и 400 илјади евра.

ВИДЕО СО КОВАЧЕВСКИ НА ТВ АЛФА

Најнови вести од Македонија

To top