Македонија ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ ВО „НАТКАСТ“

Тошковски: Информации се пробиваат од страна на предавници на своите колеги и род

Вака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Наткаст“ на Курир го коментираше пробивањето на полициската акција насочена кон сузбивање на криминалната група Беланоца/Барон.

Тошковски: Информации се пробиваат од страна на предавници на своите колеги и род

Има катастрофални информации, информации се пробиваат од страна на предавници на својот род, род мислам на од она што би требало да значи македонската полиција за секој еден полицаец вработен во МВР.

Вака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Наткаст“ на Курир го коментираше пробивањето на полициската акција насочена кон сузбивање на криминалната група Беланоца/Барон.

Тошковски вели дека тие се предавници на своите колеги, на својот род.

-Предавници на се она што треба да значи доблесно и чесно работење за македонската држава и МВР. Сурови се овие дејствија кои се превземени од страна на одредени полициски службеници и се надевам дека за многу брзо ќе успееме да ги неутрализираме и пратиме таму кај што им е местото овие предавници кои под превезот на МВР сакаат себеси да се претстават како лојални граѓани, а тие се поголеми криминалци од оние на улица кои се, дециден е министерот за внатрешни работи.

Во „Наткаст“ тој говореше за последните акции спроведени од Министерството за внатрешни работи, довербата и очекувањата од граѓаните, справувањето со шепкачите во редовите на МВР, како и за надградувањ на проектот „Безбеден град“ и почетокот на неговото ставање во функција.

 

Најнови вести од Македонија

To top