Со оглед на тоа што во некои земји на милениците им е дозволено слободно да се возат во јавниот превоз, еден од патниците снимил сцена која на многумина им го разубави денот.
Две кучиња седеле едно зад друго во возот, а се чини дека тоа било „љубов на прво душкање“, па постојано покажувале знаци на наклонетост, а еден од патниците ја снимил оваа сцена пишувајќи со објавата на Инстаграм – „романса во јавен превоз во најдобар случај“.
Следеа бројни коментари: „Најдобрата љубовна сцена досега, никој од холивудските глумци не може да го надмине ова“, „Едноставно неодоливо“, „Погледнете како се поклопуваат овие две слатки души“…
View this post on Instagram