Македонија Апсења во РЕК

Уапсени 29 лица!- Голема акција во РЕК Битола: Се апси, претресува и одзема документација

Претреси, одземање на документација, распити се само дел од дејствијата, кои неофицијално, ќе се преземат во текот на денешниот ден, а започнале од рано утринава. 

Уапсени 29 лица!- Голема акција во РЕК Битола: Се апси, претресува и одзема документација

Според неофицијални информации, станува збор за сомненија за сторени криминали од ексфункционери со рударско-енергетскиот комбинат.

Голема полициска акција поврзана со тендери спроведувани од РЕК Битола се спроведува во Македонија. Претреси, одземање на документација, распити се само дел од дејствијата, кои неофицијално, ќе се преземат во текот на денешниот ден, а започнале од рано утринава.

„Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.

За скандалите во РЕК Битола, често говореше ВМРО-ДПМНЕ од опозиција, а кога дојдоа на власт, рекоа дека ќе расчистат со скандалите. Претреси има во домови и канцеларии на лица кои се поврзувале со спроведувањето на тендерите и челниците на комбинатот.

Скандалите за кои досега се зборуваше беа за злоупотреби на службена положба, финансиски манипулации, и пренасочување на средства кон блиски компании, што ја компанијата но и државата оштетување со милионски цифри

To top