Вести Бугарите бараат „брз старт“

Бугарите се жалат зошто владата не им прави автопат, кога македонската прави се’ за делот во Македонија

Бугарите бараат брз старт на работите на делницата кон Македонија, признавајќи со тоа дека таму не се работи ништо. Граѓаните од пограничните места се жалат зошто владата не им прави автопат, во исто време кога македонската Влада прави се’ за делот од Македонија.

Бугарите се жалат зошто владата не им прави автопат, кога македонската прави се’ за делот во Македонија

Бугарите бараат „брз старт“ на работите на делницата кон Македонија, директно признавајќи со тоа дека таму не се работи ништо. Граѓаните од пограничните места се жалат зошто владата не им прави автопат, во исто време кога македонската Влада прави се’ за делот од Македонија во Коридорот 8.

Изградбата на автопатот од Дупница до граничната точка „Гуешево“ со Македонија треба да започне што е можно поскоро, инсистираат локалните власти во Ќустендилско, пренесува БНТ

Бугарските медиуми дури известуваат за можна пренамена  на средствата во друг коридор поради фактот што состојбата е целосно заглавена од неактивната, бугарска страна. Ќе алармаирале и со општински петиции за да најдат слух кај централните власти. Во „декларацијата“ укажуваат на потребата од поголема активност на Бугарија во авто и железничката делница. Ќе ја испратат до бугарскиот претседател, парламентот, министерскиот совет и до други институции.

Во прилогот на БНТ се укажува дека Ќустендилските власти настојуваат да издејствуваат „брз старт“ на изградба на магистралата кон Македонија, како и за основаниот страв дека властите во Скопје (поради неактивноста на бугарската страна) ќе се пренасочат на Коридорот 10.

На неактивноста на бугарската страна минатата недела предупреди и македонскиот министер за транспорт и вицепремеир во Владата, Александар Николоски.

Ако имаме автопатско поврзување кон Бугарија а тие немаат, тогаш која е поeнтата ние да градиме автопати.. Истото е и со пругата. Мораме да имаме заеднички проект бидејќи пругата не води никаде. Тие јавно истакнаа дека немаат проект за пругата и дека до 2026 година ќе го направат проектот, а ќе им требаат уште најмалку четири години да ја изградат“, потенцира Николоски предупредувајќи за бугарскиот однос кон проектот.

Оригиналниот текст и видео на БНТ

To top