Македонија Заев ќе го кара Филипче?

СДСМ патетика или партиски налог: Сите на ФБ со знаме, глумете патриоти!

„Којзнае колку Филипче ќе биде каран од вистинскиот лидер и стопан Заев кога ќе го види како се шепури со знамето“, е само еден од коментарите со кои граѓаните им фаќаат сеир и се потсмеваат со новиот наплив на патриотизам кај анационалната партија. 

СДСМ патетика или партиски налог: Сите на ФБ со знаме, глумете патриоти!

„Аууууу, каде и да е, СДСМ ќе почне да тврди дека ќе го врати името и ќе заносат маички со ‘никогаш северна’?“

Ова е само дел од коментарите на социјалните мрежи по најнова „патриотска“ патетика на СДСМ, партијата на која Заев, лидерот во сенка, уште пред многу години и’ ја кажа и и’ ја плесна во лице вистината, дека патриотизмот воопшто не им прилега, стои и личи. По најново, за да го искористат моментот и евтино политички да поентираат со криминалниот акт и злостор во кој четири вандали се изживуваа со државното знаме, сега врхушката на Бихаќка реши да се вози на „патриотизам“ и да глуми засегнатост од злосторот. Колку само, пустите, ја сакат Македонија и Македонците, нели?

Ова, за потсетување доаѓа од партијата коај го смени првото македонско, историско знаме со симболот на Кутлеш во 90-те, која и кумуваше на територијалната поделба, го смени исконското име на државата не почитувајќи го гласот на народот, воведе неаргументирана двојазичност, балансери, се обиде да ја смени историјата и ја укина како предмет во основното образование,  прифати бугарски диктат во обланда на Француски предлог, се откажа од придавката македонски со Преспанскиот договор и стотици пати ја стави државата во подредена позиција, чин кој според уставот се оценува како велепредавство.

На социјалните мрежи, кои вријат по овој политикантски чин на врхушката на СДСМ, им го порачаа она што самиот лидер во сенка Заев им го кажа одамна: Ало, патриотизмот не ви прилега!!!

„Којзнае колку Филипче ќе биде каран од вистинскиот лидер и стопан Заев кога ќе го види како се шепури со знамето“, е само еден од коментарите со кои граѓаните им фаќаат сеир и се потсмеваат со новиот неприроден наплив на патриотизам кај анационалната партија која со децении се потсмева со патриотите и изгради кариера и имиџ со истото.

Најнови вести од Македонија

To top