Вести

Учество и обраќање на Иванов на 10-от глобален форум на Алијансата на цивилизациите на Обединетитe Нации во Португалија

Учество и обраќање на Иванов на 10-от глобален форум на Алијансата на цивилизациите на Обединетитe Нации во Португалија

Поранешниот Претседател на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на 10-тиот Глобален форум на Алијансата за цивилизации на ОН – УНАОК на тема ,,Обединети во мир: враќање на довербата, преобликување на иднината – Рефлексија на две децении дијалог за човештвото”. Форумот се одржа во периодот од 25-27 ноември 2024 година во Кашкаиш, Португалија.
На свеченото отворање на форумот се обратија Претседателот на Португалија, Кралот на Шпанија, МНР на Турција и Заменикот Генерален Секретар на ОН и Висок претставник на ОН за Алијансата на цивилизациите, како домаќини на форумот, односно ко-основачи на иницијативата Алијанса на цивилизации. На форумот учествуваа поголем број на шефови на држави и влади, шефови на дипломатии, актуелни и поранешни, претставници на голем број меѓународни организации и др.

Претседателот Иванов се обрати на панелот посветен на образованието на тема „Поттикнување на дијалогот за мир преку инклузивно и трансформативно образование”. Во обраќањето, претседателот Иванов зборуваше за неговата иницијатива Школа за млади лидери како позитивен пример во сферата на образованието и едукацијата каде младите луѓе се стекнуваат со вештини кои се потребни за современите предизвици.

За време на учеството на форумот, претседателот Иванов оствари билатерална средба со Министерот за надворешни работи на Република Турција, Н.Е. г. Хакан Фидан, со кого разговараше за потенцијалите и можната соработки во рамките на концептот Алијанса на цивилизациите. Исто така, оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со кого разменија мислења за глобалниот импакт на иницијативата Алијанса на цивилизациите. Се сретна и со Заменикот Генерален Секретар на ОН и Висок претставник на ОН за Алијансата на цивилизациите, Н.Е. г. Мигуел Анхел Моратинос, потвдувајќи ја поддршката за концептот на алијансата на цивилизации, како и разгледувајќи ја можноста за организација на регионален настан на Обединтетите нации – Алијанса на цивилизациите во Република Македонија, по предлог на г. Моратинос. Воедно, претседателот Иванов оствари и повеќе кратки средби со голем број на учесници на форумот.

Од овој глобални форум на ООН произлезе и донесување на заедничка декларација на сите учесници како официјални делегации, односно претставници на меѓународни организации.
Покрај поранешниот Претседател Иванов, на 10-тиот Глобален УНАОК форум учествуваа Државниот секретар во МНР Елена Кузмановска која исто така имаше свое обраќање на една од сесиите, како и претставници на Кабинетот на поранешниот Претседател Иванов и на Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје.

To top