Скопје Кисела Вода

Ѓорѓиевски: Со работа создаваме дела, најдоброто допрва доаѓа!

Тие говорат за реализација на 95% од програмата која ја ветивме, и тоа во услови кога општината беше наследена со долг од над 3 милиони евра. Со правилно менаџирање на ресурсите и приоритетите, СО РАБОТА ШТО СОЗДАВА ДЕЛА, не само што ги реализиравме планираните проекти, туку и одговоривме на нови предизвици кои ги препознавме како приоритетни за вас, за нашите жители, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Со работа создаваме дела, најдоброто допрва доаѓа!

Со голема чест и чувство на одговорност ви се обраќам на крајот од уште една година исполнета со посветена работа и бројни реализирани проекти во мојата општина Кисела Вода. Резултатите кои ви ги презентираме после три години се сериозно значајни. Тие говорат за реализација на 95% од програмата која ја ветивме, и тоа во услови кога општината беше наследена со долг од над 3 милиони евра. Со правилно менаџирање на ресурсите и приоритетите, СО РАБОТА ШТО СОЗДАВА ДЕЛА, не само што ги реализиравме планираните проекти, туку и одговоривме на нови предизвици кои ги препознавме како приоритетни за вас, за нашите жители. Секој проект, секоја донесена одлука, беше насочена кон подобрување на вашиот секојдневен живот, со фокус кон создавање модерна, функционална и развиена заедница. Кон она што допрва доаѓа, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода.

Во изминативе три години:

-реконструиравме и обновиме голем број улици и патни делници, во должина од над 59 км,

-Изградивме и обновивме ¬ 11310 метри фекална канализациона мрежа, 5470м атмосферска канализација, како и 3610 м нова водоводна мрежа

-Иако во мојата програма беше ветена изградба на 1000 нови паркинг места за четири години, на истекот од третата година, ова ветување не само што е исполнето, туку и надминато, со вкупно изградени над 1500 паркинг места

-изградивме два пазари – едниот во Драчево другиот во Кисела Вода

-изградивме и обновивме 19 детски катчиња, 7 паркови или над 80 000 м2 зеленило во нашата општина

-откако го реновиравме Домот на култура Билјана Беличанец, во него отворивме КИНО и библиотека

-Направивме значителни инвестиции и во основните училишта, поставувајќи темели за квалитетно и пред се современо образование.

– Го реализираме проектот “Ранче за секое прваче”

– Извршивме дигитализација на училиштата во Кисела Вода – односно сите училници и кабинети, во сите основи училишта се опремени со смарт уреди

– Реализиран е и проектот “Компјутер за секој наставник”, како и Проект “Спорт за секое дете” во сите основни училишта во Кисела Вода

– Спроведуваме проект за поставување на прочистувачи во сите 230 училници во сите основни училишта во нашата општина,

– Доделуваме парични награди за најдобрите ученици, спортисти како и за просветните работници од основните училишта.

– Организираме бесплатен летен камп, часови по странски јазик и информатика, како и субвенциониран оброк од целодневната настава, во основните училишта за ученици од социјално ранлива категорија

– Изградивме сензорни соби во основните училишта на територија на Општина Кисела Вода

– После 100 години, еден од моите најдраги проекти е изградбата на ново основно училиште „Климент Охридски” во село Драчево

-Истовремено го реновиравме и ООУ „Кузман Јосифовски Питу” и по градежните зафати, ова е првото целосно инклузивно училиште на територија на градот Скопје

– опремивме кабинети по информатика во ООУ „Круме Кепески” и во ООУ “Невена Георгиева Дуња”

– Во ООУ „Кузман Шапкарев” во Драчево изградивме нови две училници со што овозможуваме предметната настава да се одвива во засебни кабинети.

-Реконструкцијата ја извршивме исто така и во тоалети на ООУ “Кирил Пејчиновиќ како и во основното училиште „Свети Климент Охридски“

– Основните училишта во Кисела Вода добиваат и фотоволтаици. Поточно потпишан е договор со Центарот за развој на Скопски плански регион преку кој се обезбедени финансиски средства за имплементација на фотоволтаични системи во сите основни училишта на територија на нашата општина.

Инвестираме и во изградба и обнова на спортската инфраструктура во училиштата.

– Модерни спортски терени доби ООУ „Кирил Пејчиновиќ”

– Градиме затворена спортска сала во Пинтија, со површина од околу 350м2

– Ја реконструиравме спортската сала во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу”

– ООУ „Рајко Жинзифов” во Драчево добива модерен спортски терен и сензорна училница на отворено.

-Реновирана е испортската сала во ООУ “Невена Георгиева Дуња”,

-Реконструирана е спортската училишна сала во ООУ “Партенија Зографски”

-Изградивме ново фудбалско и детско игралиште, како и паркинг простор во ООУ “Круме Кепески”

– А исто така потпишавме и договор со Министерството за образование и наука за изградба на нова спортска сала во ОУ ‘Кузман Јосифовски Питу”.

– Кисела Вода почитувани е првата општина која понуди системско решение за справување исто така со булингот.

Доделуваме материјална поддршка на училишните спортски клубови како и наи Здружението општински сојуз за училишен спорт, како и на спортски клубови и спортски здруженија од општината.

-Изградивме и реконструиравме 13 спортско рекреативни центри и 6 вкупно спортски сали. Како круна на овие спортски проекти, би сакал да ја издвојам целосната реконструкција на култната спортската сала “Расадник,” која започнува неделава, преку соработката со Министерството за спорт.

-Кога ја презедов функцијата, еден од најголемите предизвици со кои се соочив беше значителниот број на деца на чекање за упис во градинките, којшто надминуваше реално над 450. По сите поголеми инфраструктурни зафати за изградба на нови градинки и проширување на постоечките капацитети во 9 објекти вкупно, сега, за упис чекаат околу 40 дечиња. Со изградбата на двете нови градинки кои се во процес, и со третатанова во Расадник, чиј камен темелник го поставивме пред неколку дена, листата на чекање за деца во градинките конечно ќе ја затвориме во нашата општна.

Накусо:

Го отворивме објект “Симба” во Усје,тоа е првата целосно инклузивна градинка која функционира во состав на ЈДГ “Весели Цветови” за вкупно 100 дечиња

Го отворивме новиот Објект “Пеперутка 3” во населба Драчево, чиј капацитет за згрижување е 110 дечиња. Извршивме проширување на објект “Кокиче”, на “Ѓурѓица” во Пинтија, реконструкција на објектот “Пеперутка 1”, извршивме проширување и реконструкција на објектот “Сончоглед”

-Градиме нов објект “Верверичка” во 11 Октомври Згради

-Ставивме камен темелник на нова градинка во Расадник

– и Во процес е отворање на нова градинка во населеното место Подстаница

Истовремено, во неинфраструктурни инвестиции во детските градинки, вложивме повеќе од 21.000.000 милион денари изминативе три години

Свртевме нова страница во делот на урбанизмот исто така и дигитализацијата. Имено, Кисела Вода е првата општина во Македонија и на Балканот која за граѓаните обезбеди услуги по електронски пат.

Го реализираме Проектот Дигитална Кисела Вода

Во првиот дел го промовиравме новиот ГИС Портал на Општината Кисела Вода преку кој граѓаните и компаниите можат по електронски пат да поднесуваат барање за добивање извод од урбанистички план. Во ГИС Порталот, кој е јавно достапен на веб страната на Општина Кисела вода се дигитализираа и обработија вкупно 87 урбанистички планови

Во ГИС Порталот исто така се воведени и два нови регистри: Регистер на компании кои имаат седиште во општина Кисела Вода, како и Регистер на сите дивоизградени објекти на нашата територија.

Во вториот дел, дигитализацијата на општина Кисела Вода продолжи со нова веб страница на Општината Кисела Вода, на која овозможивме уште дополнително нови 20 дигитални услуги.

-Општина Кисела Вода реализираше Меѓународен конурс за идејно решение за Расадник, прв Меѓународен конкурс во Македонија после 1965 година. За победниците одлучуваше меѓународна стручна комисија.

На ова претходеше пректот „Ревизија на Деталните урбанистички планови, преку кој на барање на граѓаните:

– Целосно се стопираше предожениот ДУП за Расадник, во кој беа вцртани 99 згради,

-Беа стопирани десетици планови од приватни иницијативи во кои беа предвидени изградба на Згради и куќи со повеќе од четири станбени единици

-Беше формирано ново Партиципативно тело за урбанизам на територија на општина Кисела Вода

-Се потпиша Меморандум за соработка на Општина Кисела Вода со Архитектонскиот факултет, Комората на овластени архитекти и инженери како и Асоцијацијата на архитекти на Македонија околу креирањето на Меѓународниот конкурс за Расадник

– Го започнавме Проектот “Кисела Вода – адреса за заеднички дом” преку кој младите брачни парови ги ослободуваме од плаќање на комуналии за изградба на куќа

-Идните градби во Пржино и Црниче ги ограничивме до четири станбени единици

-Реализиран е и првиот дел од проектот “Стоп за урбана мафија” со кој со извршена ревизија од страна на надворешна Ревизорска куќа, по чиј предлог се поништија Одобренија на градба кои биле издадени од претходното раководство спротивно на законските одредби како и спротивно на урбанистички планови.

-Решени сите барања за легализација за кои беше поднесена целосна документација или не беа предмет на судски спор

-Ја рализиравме Кампањата “Моја земја, мој дом” за откуп на државно земјиште под легализираните објекти и дворно место со кој се поттикнаа граѓаните за можноста да си го откупат истото дворното место.

Во делот на локалниот економски развој ќе ги издвојам само најкрупните проекти

-Реализирана е и првата домашна инвестиција во индустриската зона, а наскоро стартува и нова инвестиција вредна 20 милиони евра: Ќе се гради фабрика за производство на кондиторски производи со логистички центар. Планирано е во истата вработување на 300 лица, а производството е наменето исклучиво за извоз. Вкупната инвестиција е 20 милиони евра

Бизнис информатор е поставен на општинската веб страница и на едно место, нуди клучни информации за поддршка на бизнисите преку конкретни услуги или иницијативи;

Кисела Вода почитувани е единствената македонска општина која е дел од мрежата на Партнерството за отворена власт (ОГП) и дел од Б40 Мрежата на градови од Балканот, која функционира во насока на унапредување на соработката како и зајакнување на демократијата.

Наскоро Кисела Вода ќе биде и единствената македонска општина која ќе биде дел од мрежата на градови и општини на Јадранскиот – Јонско макро регион

Значајни се и инвестициите во екологијата

-Изминативме три години исчистивме 101 помала и поголема депонија на територија на општина Кисела Вода

-Бесплатно собираме кабаст отпад по урбани и месни заедници, при што во овие три години беше собран и депониран кабаст отпад во вкупна количина од над 247 тони.

– Реализиран е и Проектот “Генералка викенд”, спроведена заедничка акција за чистење со организација на Асоцијацијата ,,Не биди ЃУБРЕ”, како и серија еко проекти заедно со Гоу грин и РЕДИ Рециклажа

-Поставени се и надворешни прочистувачи на возух во поголемите паркови низ општината

-Набавивме изминатиов период 10 нови метларки кои се обезбедија преку проектот ,,Зајакнување на општинските совети” заедно со поддршка на Швајцарската влада и УНДП.

-Набавен е исто така од општината комбиниран ровокопач-натоварувач. Со овој повеќенаменски багер, локалната самоуправа ќе може во наредниов период да врши чистење на каналите, расчистување на диви депонии, како и активности кои досега мораше да ги плаќаме за изнајмување.

-Донесен е ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН за периодот 2022-2028 година

– Исто така беа поставени две мерни станици од коишто едната е во дворот практично на ,,Цементарница” Усје

–Како и пуштена е во употреба нова мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот во паркот “Македонија” а во наредниве неколку недели ќе бидат ставени уште пет дополнителни мерни станици на секој од прочистувачите коишто беа поставени

Во областа на културата, во текот на изминативе три години, направивме значителен напредок и постигнавме импресивни резултати, кои ја збогатија културната понуда во општината, но и во нашиот главниот град. Културните лета станаа вистинска сензација, бидејќи на концертите на најреномираните македонски и странски изведувачи имаше десетици илјади посетители, нешто што не се памети во нашата општина и сведочи за напредок во оваа област.

За првпат по 35 години, повторно отворивме кино во Кисела Вода, откако целосно го реконструиравме Домот на култура „Билјана Беличанец“, отворивме и библиотека со богат библиотечен фонд од над 8000 наслови. Веќе неколку години по ред, организираме бесплатно „Кино на отворено“,Се одржуваат голем број на манифестации, концерти и театарски претстави, и во Домот на култура во Кисела Вода како и во Домот на култура во Драчево. Голем број на манифестации и фестивали ја имаат нотата на инклузивност и се посветени на лицата со попреченост. За нив организираме разни проекти и активности. Поставуваме секаде практично во сите објекти од јавен карактер во општината рампи најпрво за лицата со попреченост. Во Расадник за децата со церебрална парализа отворивме клубче за дружба којшто е целосно финансиски покриен од мене како градоначалник и од мојот тим. Секоја година, на денот на лицата со оштетен вид, донираме книги напишани со Брајова азбука во библиотеката во училиштето “Димитар Влахов” училиште за слепи лица . Од неодамна, Кисела Вода е и првата општина во Македонија која постави тактилни патеки во своите простории, со што совозможи и полесен пристап до услугите за лицата со оштетен вид.

Истовремено, се реализираат и голем број на проекти за постари и изнемоштени лица. Имено, Кисела Вода е првата локална самоуправа од која почна да се спроведува услугата „Итно Копче“, наменета за нашите постари и изнемоштени лица, Во соработка со Црвениот Крст тие добиваат бесплатна итна помош во својот дом. Би сакал да потсетам и на проектот кој го започнавме неодамна заедно со Центарот за психофизичко здравје ,,Гаспар”. Преку него, Кисела Вода е првата општина во Македонија која обезбедува бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки третмани за дечињата од социјален ризик кои имаат потреба за истиот.

Три години по ред, во континуитет обезбедуваме субвенции за сите наши жители кои имаат потреба од финансиска помош. Даваме субвенциии за печки за пелети, , материјали за реконструкција на фасади на станбени згради поправка на лифтови, за огревно дрво за домаќинствата, низа финансиски олеснувања за учениците и децата од градинките коишто потекнуваат практично од социјално загрозени семејства.

И почитувани ова се само еден дел од работите коишто ги спроведовме изминативе три години, навистина долг е списокот и листата на проекти коишто заедно со поддршка на целиот мој тим заедно со поддршка на граѓаните ги реалзиравме. Продолжуваме и понатаму со уште позасилено темпо имаме уште една година до крајот на мојот мандат и она што практично го најавив изминатиов период сакам и денес да го повторам а тоа е дека најдоброто за нашите граѓани допрва доаѓа во нашата општина.

Најнови вести од Скопје

To top