Свет УЖАС

Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил

Злосторството започнало во неделата, околу 16 часот и 30 минути, кога Бахтијар Аладај (33) дошол во станот на неговото семејство, кој се наоѓал на приземје од четирикатница. По расправија со членовите на семејството пукал во татко му Мухамед (65), мајка му Нејмија (55) и сестра му Букет (30). 

Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил

Осум лица загинаа во семеен масакр во Турција. Бахтијар Аладај убил седум членови од своето семејство, меѓу кои детето, мајката, таткото, сопругата и нејзината мајка, а сериозно ја повредил сестра си, пред да се самоубие.

Телата на неговото дете, сопругата и нејзината мајка, кои биле пријавени за исчезнати, биле пронајдени покрај езерото Бујукчекмеџе.

Според извештаите, Аладај претходно имал конфликти со сопругата поради љубомора, а наводно вежбал и пукање со воздушен пиштол во неговиот фризерски салон во Авџилар, пишува Хариет.

Злосторството започнало во неделата, околу 16 часот и 30 минути, кога Бахтијар Аладај (33) дошол во станот на неговото семејство, кој се наоѓал на приземје од четирикатница. По расправија со членовите на семејството пукал во татко му Мухамед (65), мајка му Нејмија (55) и сестра му Букет (30).

Неколку минути подоцна, околу 17 часот, Аладај отишол во својот фризерски салон во Авџилар, каде што ги застрелал вработените, од кои еден починал, а двајца биле тешко ранети. Со својот автомобил побегнал кон Есенјурт, каде што пукал во својот братучед, кој набрзо починал во болница.

Аладај потоа влегол во автомобилот и се самоубил пукајќи си во главата.

Истанбулската полиција соопшти дека Бахтијар Аладај бил пронајден мртов во својот автомобил, заедно со пиштол. Наведено е и дека Аладај имал бројни криминални досиеја за употреба на наркотици.

Според турските медиуми, последни биле пронајдени телата на неговото дете, сопругата и нејзината мајка, кои првично беа пријавени како исчезнати, а подоцна се пронајдени во областа Тепекент, покрај езерото Бујукчекмеџе.  (МИА)

To top