Македонија македонија

И по Тито, Спасов, и по Заев, Филипче

Прашањето кое логично се наметнува е кој е мотивот за вакавите изнасилени фалби? Дали зад ова се крие друг интерес? Дали можеби Спасов е координиран со пи-ар менаџерот Забрчанец, како „аутсорсинг“ за „јачање“ на девастираниот дух на сопартијците и величање на новиот лидер кој има крш имиџ во јавнота, лик овенчан со десетици тешки афери, или фалејќи игра на своја рака и за свој интерес?

И по Тито, Спасов, и по Заев, Филипче

Народот вели „фалбата е ‘рѓа“. Но, очебијно, тоа не важи на Бихаќка. Таму, евтиниот и патетичен пи-ар во градење „култ кон личноста“ е прастара и „проверена“ пропагандна алатка. Нејсе, што со тоа ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните, но очебијно, наследниците на комунистичката партија, УДБА и ОЗНА не знаат и не можат да се прилагодат на времето….

Почна со Заев, продолжи со Ковачевски, но сега воопшто нема да му биде тешко да продолжи и со Филипче. Поранешниот челник на СДСМ, Ѓорги Спасов, синоќа не избираше зборови за да го пофали говорот на новиот лидер, Венко Филипче, небаре, мислиш Мартин Лутер Кинг е.

Од времето на Црвенковски немавме слушнато толку добро структуриран и мотивирачки говор на лидерот. Има надеж за СДСМ.Се почуствува денес некоја нова енергија, ентузијазам и желба за победа,за подобар живот и успех на секого а не само на поединци. Тоа е мојот СДСМ“, напиша Спасов на Фејсбук.

Прашањето кое логично се наметнува е кој е мотивот за вакавите изнасилени фалби? Дали зад ова се крие друг интерес? Дали можеби Спасов е координиран со пи-ар менаџерот Забрчанец, како „аутсорсинг“ за „јачање“ на девастираниот дух на сопартијците и величање на новиот лидер кој има крш имиџ во јавнота, лик овенчан со десетици тешки афери, или фалејќи го претседателот игра на своја рака и за свој интерес?

Имено, како што јавноста е добро запознаена – неговиот син Никола е сопственик на агенцијата „Рејтинг“, која е позната по блискоста со СДСМ, но уште попозната по катастрофалните прогнози пред секои избори. Поголеми утки имаа само американските демократи со Камала.Но како викаат старите, „каде што буши парата, ни бургија не може да пробуши“, па дали така ќе биде и овој пат за Спасови?

Дали затоа, Спасов сениор, кој „добро“ си ја знае работата, веднаш почна со додворување кај новиот лидер, напиша хвалоспевачки статус, а сега претпоставуваме дека следи и колумна во која Венко Филипче ќе го промовира како новиот Мартин Лутер Кинг, или во нивниот случај непреболениот СДС „прецедник“ Црвенковск? Притоа,  заборавајќи ли дека овој е од aliexpres.

Низ партијските кулоари се вели дека и функционери на СДСМ не штеделе зборови против ваквиот потчинет однос на довчерашниот припадник на СДСМ врухушката, па така кружат муабети дека одредени фисоки функционери на партијата меѓу себе коментирале дека од неговата  фамилија не можело да се дојде на ред за наплата на тендер од општини под нивна капа, други се чуделе на ниското ниво и бедотијата на фалбите, трети отише подалеку и велат „сигурно секнале парите, па сега му требаат уште“. Шпекулации, прогнози и муабети на Бихаќка имало многу.

Ако се вратиме години наназад, тој сега атакува на позицијата на Беличанец, професор кој „владееше“ во светот на фалбите за струмичкиот лидер. Добро се сеќаваме на ставовите на Тито и односот кон Заев доведени до степен јавно да брише Фејсбук ставови по негова наредба.

Беличанец отиде до тој степен, што за Заев пееше хвалоспеви и велеше дека муртинецот затекнал корумпирана држава, на која и ја скршил кичмата, но на чија „кичма“ или рбет точно мислел, можеби на онаа кичма која се скрши со договорот од Нивици или на онаа кичма кога се потпишуваше договорот со Бугари, но кичма се кршеше и внатре во државата, судството во тоа време имаше 2% доверба, инвестиции нула, сиромаштија на секој чекор, овој „кичмокршачот“ ветуваш дека младите ќе се врателе во Македонија, не само што не се вратија, туку масовно почнаа да се иселуваат, набројувањето нема крај, толку многу штета беше нанесена на Македонија од „кичмокршачот“ што оние кои го гласаа почнаа да го плукаат.

Но, СДСМ, во меѓувреме,  си најде нов Беличанец, кој овојпат е подготвен „до небото“ да го воздигне според многумина в.д. чуварот на Заевиот трон  – Филипче.

Народната, пак, вели „ кој високо лета, ниско паѓа“…

Најнови вести од Македонија

To top