На 23.11.2024 во 21.55 часот, на улицата „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, од слобода лишија 17- годишен малолетник од Струга.
При извршен преглед, кај него е пронајдена и одземена марихуана. По насоки од јавниот обвинител, со малолетникот извршен е разговор во присуство на неговиот родител, а известен е и Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.