Македонија Сведоштва

Возачот на Палчо до Турција: „Му се јавив и го прашав што се случува, а тој ми рече дека е тешка местенка“

По напуштањето на Палевски, Димковски се сместил во хотел, каде се онесвестил кога ги гледал прес-конференциите за случајот. „Му се јавив и го прашав што се случува, а тој ми рече дека е тешка местенка,“ изјави тој.

Возачот на Палчо до Турција: „Му се јавив и го прашав што се случува, а тој ми рече дека е тешка местенка“

На денешното судење сведочеше Стефан Димковски, член на партијата „Десна“, кој го возел Љупчо Палевски – Палчо од Белград до Турција. Димковски откри детали за патувањето и разговорите со Палчо.

„На 1-ви декември ми се јави и ми рече дека е на преглед во Белград, па ме замоли да го земам и да го вратам во Скопје,“ сведочеше Димковски. Но, патувањето продолжило за Турција, бидејќи Палчо требал да оди на медицински преглед за кичмата, а немало летови од Скопје.

Тој раскажа дека Палчо често разговарал по телефон, а еднаш побарал да го позајми неговиот телефон за да се јави на Влатко Кекишев. Во Турција, Палчо изнајмил куќа за 150 евра месечно, наместо хотел.

Димковски рече дека Палчо се подготвувал да снима подкаст и носел камери. За време на доручекот, му кажал дека во партијата биле извршени претреси и дека е поврзан со исчезнатото девојче.

По напуштањето на Палевски, Димковски се сместил во хотел, каде се онесвестил кога ги гледал прес-конференциите за случајот. „Му се јавив и го прашав што се случува, а тој ми рече дека е тешка местенка,“ изјави тој.

Најнови вести од Македонија

To top