Вести Историски договор

Синдикатите задоволни од договорот со Владата: Сите овие покачувања се резултат на напорната работа

Од Синдикатот на Клиничкиот центар – Скопје нагласија дека по долги преговори е постигнат договор кој што значително ќе го подобри финансискиот статус на сите вработени во здравствените установи и признавање на нивната посветеност, труд и професионализам.

Синдикатите задоволни од договорот со Владата: Сите овие покачувања се резултат на напорната работа

Челниците на здравствените синдикати задоволни и благодарни откако со Владата постигнаа историски договор за порастот на платите кој ќе почне да се применува од овој месец.

-Успеавме со овој анекс на Колективниот договор да ги корегираме коефициентите на вработените во здравството. Се работи конкретно за корекција на коефициентот 0.233 кој во превод значи повисока бруто плата за сите вработени од 3.650 денари или 2.450 денари во нето износ. Уште подобра придобивка во делот на овој анекс е корекција на платите од 0.364 за медицинските сестри со средно образование и останатиот средно медицинскиот кадар кој го превод значи 5.700 денари во бруто или 3.850 денари во нето. Ова значи и поголема мотивација за нашите вработени, а колективниот договор е двостран акт и израз на добра волја, истакна Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Од Синдикатот на Клиничкиот центар – Скопје нагласија дека по долги преговори е постигнат договор кој што значително ќе го подобри финансискиот статус на сите вработени во здравствените установи и признавање на нивната посветеност, труд и професионализам.

-Сите овие покачувања се резултат на напорната работа на двата репрезентативни синдикати и заедно со Владата претставуваат одговор на барањата за подобри услови за работа и мотивација за уште поголема посветеност на нашиот секојдневен труд. Како синдикати остануваме посветени на продолжување на дијалогот и понатамошно подобрување на условите за работа во здравството, како и на продолжување на нашата борба за унапредување на здравствениот систем во целост, истакна Предраг Серафимовски, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар – Скопје.

To top