Репрезентацијата на Косово може да претрпи огромни последици поради напуштањето на теренот на натпреварот против Романија во Букурешт (0:0). Тие не се вратија ниту откако беа поканети од судијата и делегатите.
Извори од УЕФА потврдија дека фудбалерите на Косово ќе бидат казнети со парични казни и суспензии за нивните гестови и провокации што доведоа до хаос во Букурешт. За потсетување, натпреварот беше прекинат од Косово, на три минути до крајот.
Резултатот беше 0:0 кога го напуштија теренот – објавија романските медиуми.