Регион

Протестите се враќаат во Нови Сад – 14 дена без одговорност за 14 животи

Во Нови Сад речиси секој ден има протести и акции – а се најавуваат нови, јавија српски медиуми.

Протестите се враќаат во Нови Сад – 14 дена без одговорност за 14 животи

Речиси две недели откако се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад и загионаа14 лица, а тешко повредени три – се уште нема уапсени. Во Нови Сад речиси секој ден има протести и акции – а се најавуваат нови, јавија српски медиуми.

По прошетката во Белград, протестите се враќаат во Нови Сад – Нови Сад стои на 14 минути, во 11:52 часот. Во моментот кога 14 дена претходно биле згаснати 14 животи, јави Н1.

„Поминаа 14 дена од трагедијата, не само што никој не одговара, никој не е гонет, многумина се сослушани, а немаме ниту осомничени. Затоа ги повикавме граѓаните да покажат отпор кон избегнувањето на одговорност од страна на одговорните“, вели Стеван Бабиќ од Крени-Промени.

Додека опозицијата најавува стопирање на Нови Сад в петок, младите најавуваат прекин на сообраќајот в недела на шест часа и бараат – одговорност.

„Таа барикада е придружена со содржина насочена кон активирање и слушање на граѓаните во однос на целата ситуација и падот на настрешницата. Ќе имаме гости говорници, перформативни акции – но и ќе поканиме и вклучуваме граѓани како да покажеме граѓанска непослушност“, вели Јелена Божиќ од групата Свиќе.

Четиринаесет жртви, тринаесет денови. Најмалку осум лица во притвор кои ја презедоа одговорноста – нула кои се одговорни, јави Н1.

Поднесена е една оставка. Се најавуваат и други – евентуално до крајот на неделата, наведуваат српски медиуми.

To top