По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Градот Скопје, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи објави видео обраќање до Скопјани во кое ги повика заедно да се борат за подобро Скопје.
Како градоначалник на една од најголемите скопски општини ве повикувам заедно да се бориме за подобро Скопје. Ако пред 80 години нашите предци воделе борба против окупаторот, нашата генерација води борба против неспособноста на актуелното раководство на градот. Скопје тогаш се ослободи, Ве уверувам дека и ние ќе успееме – вели во обраќањето Стефковски.
На почетокот од видео обраќањето Стефковски се осврна и на актуелните проблеми со кои се соочуваат Скопјани од аспект на комуналната хигиена и нередовниот автобуски превоз на ЈСП за што порача:
Скопјани не го залужуваат ова! Ова не е вистинскиот лик на нашето Скопје! – истакна Стефковски.
На крајот од обраќањето, градоначалникот Стефковски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Градот Скопје.