Еден татко имал две ќерки. Едната била омажена за градинар, а другата за циглар.
Еден ден таткото отишол да ја посети жената на градинарот и ја запрашал како и оди во животот.
Сè е во ред – му одговорила таа. Имам само една единствена желба: Да заврне силен дожд, за да пркнат растенијата на мојот сопруг.
Следниот ден таткото отишол да ја посети својата помала ќерка. Ја запрашал и неа како и оди во животот.
Таа исто така била задоволна, но имала само една, единствена желба: Да не врне дожд, за да се исушат циглите кои ги произведувал нејзиниот сопруг.
Таткото не рекол ништо и само си помислил:
„Луѓето имаат различни потреби, многу е тешко на сите да им угодиш“.
Совет: За да живееш среќно, не труди се да им угодиш на другите. И онака на крај нема да бидат задоволни, ни пак ќе ти кажат благодарам.