Македонија тестот покажал рекорден број прекршоци

Тошковски се надева дека идната година ќе стартува надградбата на „Сејф сити“

Законските измени со кои би се овозможило системот да функционира, се уште не се донесени. Се утврдуваат и сите чекори кои ќе се преземат во иднина.

Тошковски се надева дека идната година ќе стартува надградбата на „Сејф сити“

Се уште не е познато кога точно ќе стартува проектот „Сејф сити“ со кој прекршителите на сообраќајните прописи ќе добиваат казни.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера истакна дека се уште нема целосна покриеност со технички уреди, камери, на територија на Град Скопје каква што е утврдена во проектна документација.

Во наредниот период ќе следи имплементација согласно она што е договорено и е испланирано од претходно.

-Колку би можело порано да се имплементира овој проект, толку подобро за сите имајќи предвид дека жртви на сообраќајни несреќа на годишно ниво во Македонија има со троцифрен број што е страшно. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект. Јас би бил пресреќен да е во јануари, но и со декември ќе бидам задоволен, посочи Тошковски.

Законските измени со кои би се овозможило системот да функционира, се уште не се донесени. Се утврдуваат и сите чекори кои ќе се преземат во иднина.

Тошковски потврди дека при тестирањето на системот утврден е рекорд во сообраќајните прекршоци.

Изминатиот период од МВР информираа дека граѓаните ќе бидат известени по завршувањето на сите потребни активности околу овој проект.

Системот „Безбеден град“ е поставен и во Куманово и Тетово, но неговата надградба засега го опфаќа само главниот град.

Најнови вести од Македонија

To top