Македонија Добробит за граѓаните

Инфраструктурни проекти кои ќе дадат нов лик на општината: КУРИР дознава што сè ќе добие Аеродром со пари од унгарскиот кредит

Во текот на месец ноември општина Аеродром очекува одобрување на уште два проекти кои предвидуваат реконструкција со доградба на мост на Маркова Река на локалниот пат меѓу Горно Лисиче и Долно Лисиче, како и проект за реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче.

Инфраструктурни проекти кои ќе дадат нов лик на општината: КУРИР дознава што сè ќе добие Аеродром со пари од унгарскиот кредит

Општина Аеродром на повикот од Владата аплицираше со вкупно девет инфраструктурни проекти. Секој од нив е значаен за граѓаните.

КУРИР истражува – што ќе добијат жителите на оваа скопска општина со пари од унгарскиот кредит и колку пари се добиени за овие проекти.

Ќе биде реконструирана улицата„Анастас Митрев“ со тротоари според постојната состојба во вредност од 21.857.705,00 денари.

Најавена е реконструкци на сервисни улици на бул. „Јане Сандански“ во вредност од 27.350.000,00 денари.

Населба Лисиче ќе добие целосно нов лик бидејќи општината доби пари за реконструкција на улици и тротоари според постојната состојба во населбата во вредност од 39.476.358,00 денари. КУРИР дознава дека станува збор зa улиците: „арх. Сотир Томовски“, „Лавчанска Корија“, „Димитар Македонски“ и „Ернест Телман“.

Општина Аеродром добива пари и за санација и рехабилитација на сквер-јавна пешачка површина зад ТЦ „Капитол“ во вредност од 45.522.526,00 денари.

Ќе се работи и на обновување на тротоари на ул. „23 Октомври“ во населба Острово и Стар Аеродром во вредност од 6.799.892,00 денари.

Најавена е реконструкција на ул. „Милан Зечар“ со тротоари според постојна состојба во вредност од 20.352.655,00 денари.

Ќе се прави реконструкција на јавни пешачки површини во вредност од 25.355.069,00 денари. КУРИР дознава дека станува збор за јавни пешачки површини на бул. „Видое Смилевски – Бато“ во Ново Лисиче меѓу зградите од број 1 до број 9 и од број 21 до број 45, како и во населба Јане Сандански, на потези по бул. „АСНОМ“ и меѓу кулите со број 71, 73 и 75.

Во текот на месец ноември општина Аеродром очекува одобрување на уште два проекти кои предвидуваат реконструкција со доградба на мост на Маркова Река на локалниот пат меѓу Горно Лисиче и Долно Лисиче, како и проект за реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче.

По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата соопшти дека одлучила оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини. Нивната вкупна вредност изнесува нешто над четири милијарди денари или околу 65 милиони евра. Овие средства се обезбедени од земениот унгарски кредит.

To top