Македонија ипис

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со 26% доверба, СДСМ во друштво на ДУИ и ВЛЕН со 7%

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со 26% доверба, СДСМ во друштво на ДУИ и ВЛЕН со 7%

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај граѓаните. Според најновата анкета на ИПИС, на прашањето за доверба во политичките партии граѓаните изразиле 26 отсто доверба во ВМРО ДПМНЕ.

Следуваат СДСМ, ДУИ и ВЛЕН сите со идентична доверба од 7 насто. По нив е Левица со 5% и ЗНАМ со 4 проценти, информираше на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски, брифинг кој траеше околу два часа со 30-на новинари во Клубот на пратеници.

Во превод, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН заедно имаат 5 процентни поени помалку од ВМРО ДПМНЕ.

Едната, телефонска анкета е спроведена во период од 9-ти до 13 октомври на 1.500 испитаници, а теренската анкета е спроведена од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.

Најнови вести од Македонија

To top