Партнерката на познатиот фудбалер Лука Јовиќ, манекенката Софија Милошевиќ, на својот Инстаграм објави фотографии кои предизвикаа лавина реакции.
Имено, таа решила да се маскира во жена-мачка, а судејќи по фотографиите, успеала во тоа. Таа носеше црн корсет, кој го истакна нејзиниот тесен струк, но и бујните гради. Покрај тоа, моделот носеше црни хеланки, како и длабоки чизми, кои беа над колената.
Сепак, тоа не е се. Убавата Софија носеше и кожна црна маска на главата, која е главната суштина на овој аутфит, а за повеќе да личи на мачка ставила и сини леќи.
View this post on Instagram