Хроника без видливи траги на насилство

Почина затвореник во Идризово, телото на обдукција

Почина затвореник во Идризово, телото на обдукција

Во СВР Скопје од Казнено поправна установа Идризово вчера во 18.10 часот било пријавено дека околу 15.00 часот во установата починал осуденикот А.А.(65) од с.Строгомиште, кичевско.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Известен бил Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот било предадено за обдукција. Извршен бил увид, информираат од МВР.

To top