Британската суперѕвезда Адел не можеше да ги задржи солзите кога ја виде музичката икона Селин Дион во нејзината концертна резиденција во Лас Вегас.
Емотивниот момент се случи во театарот Колосеум во Палатата Цезар, место првично изградено за дебитантската резиденција на Дион во 2003 година.
Адел почна да плаче кога ја здогледа Селин во публиката, по што и пријде, а емотивниот момент меѓу двете пејачки беше забележан од телефоните на љубопитните посетители.
Гледајќи ја оваа сцена, еден од посетителите Насер изјави за BBC News: „Изгледаше како Селин гордо да и ги предава клучевите на Адел. Кога Адел ја прегрна, сите ја почувствувавме таа емоција“.
Познато е дека Адел ја обожава Селин Дион, а Дион секогаш го истакнувала своето воодушевување од талентот на британската пејачка.