Денеска во Владата на Република Македонија е потпишувањето на договорите помеѓу владините министерства и единиците на локалнита самоуправа, кои аплицираа за средства од проектот од 250 милиони евра за реализација на капитални проекти. Се работи за клучно ветување од страна на Владата на Република Македонија кое исто така, е историски најголема инвестиција за општините досега.
Општина Кисела Вода аплицираше со четири проекти, кои денеска беа потпишани од страна на градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
-Нека е арилија! Денес ги потпишавме договорите со владините министерства и општините кои учествуваа на јавниот повик, а кои ги исполнија условите и добија средства од проектот во вкупна вредност од 250 милиони евра. Овие пари, ќе бидат наменети за капитални инвестиции што ќе значи вистинска преродба на локалните самоуправи и обезбедување поквалитетен живот за граѓаните, вели тој.
Општина Кисела Вода аплицираше со четири големи капитални проекти, кои наскоро ќе станат реалност.
Се работи за:
-Уредување на речното корито на реката Мала Рада;
-Реконструкција на патот кон Пеленица и изградба на тротоар;
-Реконструкција на улицата „Ѓорѓи Димитров”;
-Доградба на ООУ „Кирил Пејчиновиќ”.
-Сакам да изразам огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија затоа што, за првпат од постоењето на државата, општините и граѓаните добиваат вистинска помош. Неселективно и без никакви поделби. Оваа влада е вистински партнер и граѓаните го препознаваат тоа. Продолжуваме да создаваме подобри услови, затоа што мојот народ заслужува, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.