Свет Нов Јужен Велс

Се судрија два мали авиони над Сиднеј, има загинати

Австралиската полиција, пожарникари и екипи за итни случаи пристигнаа пеш на местото на несреќата, 88 километри југозападно од Сиднеј.

Се судрија два мали авиони над Сиднеј, има загинати

Тројца мажи загинаа во судир на два мали авиони над југозападниот дел на Сиднеј утринава, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс. Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во близина на паркот Белимбла кај Оукдаил.

Австралиската полиција, пожарникари и екипи за итни случаи пристигнаа пеш на местото на несреќата, 88 километри југозападно од Сиднеј.

Вршителот на должноста началник на полицијата во Нов Јужен Велс, Тимоти Калман, потврди дека авионот Цесна 182 со две лица се судрил со ултралесен авион од блискиот аеродром во кој се наоѓал еден човек.

Претходно денеска, хидроавион со пет лица се урна во Квинсленд, и сите беа спасени, објави каналот Севн њуз. Авионот се урнал во водите кај плажата Вајтхавен во Витсандејс, соопштија службите за итни случаи.

Две лица се здобиле со полесни повреди, на ниту еден од повредените не му била потребна хоспитализација. На почетокот на неделава, млад пилот загина во авионска несреќа на околу 50 километри северозападно од Мелбурн.

Дваесет годишното момче, ја добило пилотската дозвола на почетокот на оваа година, неколку минути по полетувањето во вторникот изгубил контрола над својот авион Цесна 150, кој се урнал во близина на аеродромот, тој почина на лице место.

Причината за несреќата ќе ја истражува Австралиското биро за безбедност на транспортот.

To top