Хроника

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

На подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера во 13.45 часот во Скопје, го лишиле од слобода А.Д.(35) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

To top