Стотици граѓани на територијата на Скопје биле каснати од бездомни кучиња кои од ден на ден се повеќе ги има на улиците.
Граѓаните, посебно на територијата на Скопје секојдневно може да забележат во своите населби нови и нови бездомни кучиња, а истите стануваат се поагресивни и вршат напади врз минувачите.
Но, во последно време сведоци сме и на бездомни кучиња кои ја немаат онаа препознатлива жолта таканаречена менѓуша на увото со која се знае дека тоа куче било згрижено од соодветна институција и истото било кастрирано.
Секојдневно до нашата редакција пристигнуваат поплаки од лица кои биле на некој начин нападнати од бездомно куче, а нашиот новинар вчера бил и сведок на еден таков напад на бездомно куче во скопската населба Бутел, во кој беше нападнато и малолетно дете.
Поради се почестите поплаки од граѓаните до нашата редакција решивме да ја провериме оваа состојба со бездомните кучиња, па се обративме до ЈП Лајка и МВР, но веќе 6-ти ден од овие две институции има молк, во два наврати телефонски се обидовме да стапиве во контатк со ЈП Лајка, а оттаму добивме одговор дека прашањата се препратени и ќе ни биде одговорено, но до пуштањето на овој текст нема одговр на нашите прашања.
Поразговаравме и со случајни минувачи пред маркетите и пазарите во Бутел и Чаир, а граѓаните беа едногласни.
-Мора градот и државата да преземе итни мерки, не можам внучињата да ги прошетам на раат, ги има во секој парк, глутници кучиња, не е едно, по 10 минимум се, вели постар господин кога го запрашавме.
-Луѓе, сум бил во повеќе европски градови, од побогати до посиромашни, таму куче на улица нема ни за лек, рече друг минувач.
-Да бидам искрена ми е страв да излезам сама надвор, а не да ги шетам внуците, мојата ќерка има 4-годишно дете и мене ми е искрено страв да не го нападнат, вели постара госпоѓа.
Ова се само дел од коментарите на граѓаните кои ги прашавме за нивно мислење.
Но, ваквите напади државата и градот ги чинат пари, бидејќи оние кои се каснати од бездомно куче поднесуваат тужби, ги добиваат на суд, а истите се наплаѓаат токму од џебот на граѓаните.
До кога соодветните институции планираат да молчат и да не преземаат соодветни мери останува да видиме?!