Полицијата и граѓани цел ден трагаат по исчезнатата Вања. За жал, нема ни трага, ни глас од 14-годишното девојче кое утрово беше пријавено за исчезнато.
КУРИР побара одговор од МВР за тоа како се одвива потрагата и дали девојчето е пронајдено. За жал, Вања не е пронајдена. Од МВР велат дека истрагата ќе продолжи и во текот на ноќта.
-Се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта, велат од МВР.
Полицијата апелира да не се шират дезинформации, а МВР дека постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.