Македонија

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА УВИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Во понеделник треба да сведочи мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска

Боре Видевски, еден од четворицата обвинети за убиствата и грабнувањата на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски, од болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка, па се очекува судењето да продолжи во понеделник.

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА УВИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Во понеделник треба да сведочи мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска

Боре Видевски, еден од четворицата обвинети за убиствата и грабнувањата на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски, од болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка, па се очекува судењето да продолжи во понеделник.

Тој има здравствени проблеми со бубрезите и неколку дена беше лекуван на Клиниката за нефрологија, заради што беше одложено второто рочиште што требаше да се одржи на 7 октомври. Според затворските власти, обвинетиот Видевски е во добра здравствена состојба.

Првообвинет за убиствата е Љупчо Палевски-Палчо. Обвинети за убиствата се и Велибор Манев и Влатко Кешишов, а таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на Вања Ѓорчевска.

На првото рочиште на 20 септември сите обвинети се изјаснија дека се невини.

Тие го оспорија мотивот користољубие. Првообвинетиот Палевски рече дека против него се води политички монтиран случај, а тој не го познава таткото на Вања.

Во понеделник треба да сведочи мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и Ана Киркова и Тодор Кирков.

На првото рочиште Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднесе барање до судот јавноста да биде исклучена од целото судење, за да се зашти нејзиниот приватен живот и живото на помалата ќерка, како и да се заштитат од траумите од силното медиумско известување. Судот не го прифати предлогот на Обвинителството за исклучување на јавноста.

Според обвинението на ЈО, обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023 заеднички го грабнале и го убиле 74-годишниот Панче Жежовски во Велес, за да му го земат автомобилот цитроен, со кој на 27.11.2023 година ја грабнале Вања од нејзината зграда, ја однеле во атарот на селото Бразда и ја убиле.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Овој случај силно ја потресе македонската јавност и целиот регион. Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска го нарече еден од најтешките што се случиле во државата.

Судењето во Кривичниот суд го води судијата Ивица Стефановски.

Најнови вести од Македонија

To top