Македонија Прилеп

Сајкоски: Им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија

„Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ“ – порача тој.

Сајкоски: Им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија

Пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоѓија Сајкоски, по повод денешниот празник беше во посета на Прилеп.

-Денес положивме свежо цвеќе кај мемориалниот комплекс – Могила на непобедените во Спомен паркот на револуцијата во Прилеп, со што им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија и ни оставија аманет да ја чуваме сувереноста и независноста на татковината и да се бориме за подобра и посветла иднина, истакна Сајкоски.

„Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ“ – порача тој.

To top