Во Тетово во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, во објектот на поранешното средно медицинско училиште денеска ќе се одржи симулација на евакуација на ученици заради поплава.
Оваа симулација е дел од серијата активности што ги спроведува Програмата за развој на Обединетите нации, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13-ти Октомври.
Како што е најавено, на настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации, Армен Григорјан, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами.