Свадбена церемонија во црква го привлече вниманието на јавноста, откако објавеното видео стана вирално на социјалните мрежи.
Имено, за време на венчавка во Босна и Херцеговина, додека младенците стоеја пред олтарот, се огласи внуката на невестата.
Од клупите, каде седеа присутните роднини и гости, се слушна детски глас полн со загриженост: „Немој, тето, немој те молам“.
View this post on Instagram
Тој момент ги изненади сите присутни, вклучително и младоженците, кои не можеа да останат рамнодушни.
Настана гласна смеа, на која се приклучија гостите, па дури и свештеникот со насмевка ја гледаше целата ситуација.
Видеото со натпис „Внука не ја дава тетката“ брзо стана вирално, а според медиумските натписи девојчето потоа кажало дека само се шегувало.