Македонија

Пренџов: Во првите 100 дена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија има 600 милиони евра странски инвестиции

Она што ќе го работиме е добра економија како на пример сега во првите 100 дена за прв пат после долго време каде имаме 600 милиони евра странски инвестиции. Правење на правна држава со ред и поредок на правен систем. Да бидеме почитуван посакуван партнер на било која европска држава, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во синоќешното гостување во „Топ Тема” на ТВ Телма.

Пренџов: Во првите 100 дена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија има 600 милиони евра странски инвестиции

-Ние кажавме дека диктати не прифаќаме, она што бараме е предвидливост. Нашата цел е како Македонците и сите граѓани што живеат во Македонија да ги внесеме во Европската Унија. Додека пак планот на СДС беше како Бугарите да ги внесе во македонскиот уставот за година дена повеќе на власт, рече Пренџов..

Во првите 100 дена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ вели Пренџов во Македонија има 600 милиони евра странски инвестиции

-Она што ќе го работиме е добра економија како на пример сега во првите 100 дена за прв пат после долго време каде имаме 600 милиони евра странски инвестиции. Правење на правна држава со ред и поредок на правен систем. Да бидеме почитуван посакуван партнер на било која европска држава. Ќе продолжиме и со лобирање во Брисел, Рим, Париз, Берлин ако треба и во Софија со цел давање на аргументи за ова што се случува, случувало и она што го нудиме како вин-вин ситуација, истакна Пренџов.

Пренџов додаде дека истиот ден кога ќе станеме членка на ЕУ да влезат тогаш Бугарите во Устав.

Ако Бугарија сака навистина ние да се движиме напред, ако тие сакаат нивните неколку стотини Бугари да бидат дел од македонскиот Устав, а ние сакаме да сме членка на ЕУ тогаш истиот ден кога ќе станеме членка на ЕУ Бугарите да влезат во македонскиот Устав, дециден е Пренџов.

Најнови вести од Македонија

To top