Свет апел

Стејт департментот повика дел од вработените во амбасадата на САД веднаш да го напуштат Либан

Американскиот Стејт департмент денеска им нареди на дел од персоналот во амбасадата во Бејрут и членовите на нивните семејства да го напуштат Либан поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

„На персоналот на американската амбасада во Бејрут им е забрането лично патување без претходно овластување. Дополнителни ограничувања за патување може да се наметнат на американскиот персонал по дискреција на Шефот на мисијата, со мало или без предупредување поради зголемени безбедносни грижи или закани“,се вели во соопштението на Стејт департментот.

Стејт департментот, исто така, ги повика Американците во земјата да го напуштат Либан, предупредувајќи дека сегашните ограничени опции за напуштање би можеле да станат недостапни доколку безбедносната ситуација се влоши.

„Американската амбасада сериозно ги советува американските граѓани во јужен Либан, во близина на границата со Сирија, како и во бегалските населби, веднаш да ги напуштат тие области“, се вели во соопштението.

To top