Иранскиот патнички авион „Кешм Фарс“ од Техеран, веројатно на пат за Либан или Сирија, направи свртување во ирачкиот воздушен простор и се врати, откако либанските власти објавија дека израелските сили ја презеле контролата врз летот во Бејрут. пишува The Times of Israel.
Инцидентот се случи откако израелската армија (ИДФ) синоќа објави дека ќе спречи секој обид на Иран да му пренесе оружје на либанскиот Хезболах, вклучително и негово доставување преку цивилниот аеродром во Бејрут, пренесува Тајмс оф Израел.
Како што објавија либанските медиуми, либанскиот министер за јавни работи и транспорт, Али Хамиа, изјавил дека му наредил на иранскиот авион да не слета на аеродромот во Бејрут и да не влегува во либанскиот воздушен простор, откако Израел ја презел контролата на воздушниот сообраќај на тој аеродром и предупреди дека ќе употреби сила доколку авионот слета во Либан.
IRGC affiliated Qeshm Fars Air, EP-FAB had done a U-turn over Syria earlier today, EP-FAB has an infamous record of moving drones and munitions on behalf of IRGC to multiple areas of the Middle East and further. pic.twitter.com/bZrHbVl435
— Aurora Intel (@AuroraIntel) September 28, 2024