Свет апел

Блинкен со повик до Израел: Натамошната ескалација ќе го отежне враќањето на цивилите дома

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му порача на Израел дека натамошната ескалација на конфликтот само ќе го отежне враќањето на цивилите дома.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека за време на разговорот со израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер ја истакнал важноста од постигнување договор за дваесет и еднодневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан.

„Тој нагласи дека натамошната ескалација на конфликтот само ќе ја отежне целта – враќањето на цивилите“, се наведува во соопштението и се додава дека разговарале и за напорите за постигнување прекин на огнот и во Газа.

Израел вчера ги отфрли повиците на меѓународната заедница за примирје во конфликтот со Хезболах, со што му пркоси на својот најголем сојузник – Вашингтон. Тие, исто така, продолжија со нападите во кои загинаа стотици луѓе во Либан.

Најнови вести од Свет

To top