Осуденици вчера физички се пресметале во затворот Идризово, информираат од МВР.
„Во понеделникот во 00.19 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправна установа затвор Идризово Скопје било пријавено дека во саботата осуденикот И.С.(47) од Скопје бил физички нападнат од неколку осуденици“, информираат од МВР.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.