Студениот атлантски бран над Европа се движи кон исток, па на словенечка Кредарица падна првиот снег.
Невремето предизвика најмногу проблеми на словенечкото крајбрежје, но најлошите сценарија не се остварија, соопшти денеска словенечката агенција за животна средина (Арсо).
Врнежите во Словенија се уште не престануваат, а на места падна и првиот снег, но и покрај ова не се очекуваат поголеми проблеми.
Во словенечка Истра за само неколку часа падна повеќе дожд отколку што паѓа вообичаено во текот на целото лето.
За само неколку часа наврнале повеќе од 50 литри дожд на метар квадратен, а во некои случаи и стотина.
„Во Порторож во текот на летото наврнаа помалку од 100 литри дожд на метар квадратен. Значи, овие врнежи се доста големи, но ваквите врнежи не се рекордни за овој регион“, велат од Арсо.