Имено, премиерот Ковачевски се предомисли и нема да ги крати платите на функционерите.
Уставниот суд на седница на 23 мар донесе одлука за укинување на две законски одредби од Законот за плати и надоместоци на функционерите со што платите на 1060 функционери се зголемија за 78 проценти.
Во април годинава, премиерот Ковачевски ваквото покачување го нарече како одлука на Уставниот суд која според него е конечна.
Одлуката на Уставниот суд за зголемување на платите на функционерите за 78 проценти е конечна. Тоа не значи дека автоматски ќе се покачат платите. Владата работи на нов Закон за плати со која ќе се стави конзистентност во исплатата на плати за сите функционери во државата, изјави тогаш Ковачевски.
Иако премиерот Ковачевски се бранеше дека одлуката ја носи Уставниот суд, а не Владата, и покрај тоа што владата дала негативно мислење за укинување на двете законски одредби, сепак никој не веруваше во таа негова изјава.
Големото незадоволство на граѓаните беше истакнато и преку големиот број на анкети кои го мерат јавното мислење на граѓаните каде што рејтингот на владата на СДСМ и Ковачевски кој драстично опаѓа. Сето тоа на некој начин го “натера“ Ковачевски ваквата изјава да ја промени, па вети дека преку работни групи ќе бараат решение за ваквата одлука на Уставниот суд се со цел да се најде прифатливо решение и најави намалување на функционерските плати.
Но, речиси повеќе од осум месеци подоцна, Ковачевски освен ретерирање од сопствените ставови и промена на сопствените изјави, нема ништо од најави кратење на платите на функционерите.
Носењето на решение кое го прекршува системот за плати во јавниот сектор ќе значи веднаш реакција. Отворена е дискусија како треба да изгледа моделот. Министрите ќе работат за да дојдат до решение, со цел да се постигне усогласување на платите на поприфатливо ниво, а истовремено да биде издржливо. во наредната недела или две ќе излезат со решение кое ќе биде на седница на влада, па потоа ќе биде испратено во Собрание, изјави Ковачевски во средината на месец октомври.
И по осум месеци, и по неколку пати помпезно најавуваното законско решение се уште нема ништо. Напротив премиерот Ковачевски повторно се предомисли и вчера најави дека сепак високите плати на функционерите не можат да ги намали, што практично значи уште една лага.
Нема да се намалуваат функционерските плати. Се закон примањата на судиите, обвинителите и пратениците не смеат да се корегираат надолу, а тие се речиси 800 од вкупно 1. 060 избрани и именувани функционери, вели премиерот Ковачевски. Работната група која требаше да најде начин како да се скратат покачувањата за 78% се уште нема доставено предлог, бидејќи со закон одредени плати не можат да се намалат, изјави вчера Ковачевски.
За тоа дека премиерот и неговите соработници немаат консолидиран став по однос на едно прашање, потврдува и изјавата на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пред неколку месеци кога рече дека не може со еден закон да се промени платата на функционерите, туку дека се потребни измени на 7 законски решенија, како и дека со помош на работни групи ќе се достави предлог до владата а на крај истиот ќе биде доставен и во Собрание.
„Измената во еден закон значи дерогирање на одредени права од друг закон што е противуставно. Работната група го разгледува тоа и набргу ќе има предлог за пред Владата, а потоа да биде проследен и до Собранието“, изјави вицепремиерот.
И вицепремиерот Битиќи се предомисли и најави дека намалување на функционерските плати мора да има, но бранејќи дека тоа не може да се случи преку ноќ.
Нема проблем – ќе решиме се, само да не биде на штета на другите. Притоа, треба да не заборавиме дека ако го зголемите фондот за плати во здравство, во обвинителство, во судовите ќе треба да скратиме од пензиите, ќе траба да скратиме од оброците за студентите, ќе треба да скратиме од книгите за учениците. Едноставно е , изборот е тој, рече Битиќи и додаде дека промените не се случуваат преку ноќ.
Промените не се случуваат преку ден, ниту преку ноќ. Бараат одредено време. Мораме одредени промени да ги правиме за да не се на штета на друго место. Јас и министерката за труд и социјална политика сме вклучени во скоро сите преговори со сите страни и немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравство, притоа ако имаме здравствени услуги соодветни за нашите баби, дедовци, родители, за нас самите. Ние немаме проблем да ги зголемиме платите и во судство и во обвинителство ако притоа граѓаните не чекаат по шест години за своите предмети за да им се реши судбината – порача Битиќи.
По речиси 8 месеци не само што нема никаква промена во платите, туку постојано се менуваат изјавите и никој не сфаќа дали воопшто и кога би се случило тоа намалување на платите на функционерите кои од март месец се повисоки за 78 проценти. Министрите пак од ДУИ, Бујар Османи, Артан Груби велат дека тие живееле од плата и дека нив им било важно колку истата изнесува. Јас живеам само од оваа плата и ми е важно. Во овој случај разбирам дека приоритет треба да бидат тие со плати околу минималната. Мислам тоа е клучно и ако ни дојде редот на нас во ред, ако не приоритет се тие граѓани во ова време на инфлација и на поскапување и треба да им се посвети внимание“, изјави Османи. Додека пак Груби се пожали дека зема најмала плата како функционери и покрај покачувањето. Јас како функционер земам најмала плата.
„Претходно сум имал повисока плата. Платата на министрите и на пратениците не е покачена со години. Тоа што ние како влада направивме е покачување на минималната плата на 18.000 денари. Сега ние ли треба да ги намалиме нашите плати“, вели Груби.
Според познавачите на политиката, премиерот Ковачевски се повеќе наликува на претходниот премиер Зоран Заев, кој и по неколку мислења и ставови имаше за една иста работа, како и дека ова покажува колку владините функционери во случајот премиерот Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се неусогласени во изјавите, што според нив претставува нејаснотија како може да се нема еден консолидиран став.
Со давањето на различни изјави во тек на само неколку месеци, го прави премиерот Ковачевски конфузен и дволичен, од една страна ветува намалување на платите на функционерите, а од друга страна вели дека сепак не постои можност тоа ветување да се реализира, иако истото покачување се случува токму во време на преголемо задолжување, висока инфлација и значително зголемени основни цени на прехранбените производи. Зголемувањето на платите на функционерите поттикна серијал на протести, каде што по примерот на зголемување на 78 проценти на платата на функционерите побараа и други институции, меѓу кои јавната администрација, судските службе ници, пензионерите, здравствените работници кои сметаат дека доколку во државната каса има доволно плата за зголемување на платите на 1062 функционери, тогаш мора владата да им ги зголеми и нивните плати за исто толку проценти, за и тие да земаат европски плати. Но, од владата на ваквите барања велат дека се неиздржани, како и дека доколку истото се случи тогаш тоа ќе поттикне голема стапка на инфлација.
Најголема плата во државата со ова покачување од 78 проценти зема спикерот на Собранието, Талат Џафери, шефот на државата Стево Пендаровски, и премиерот на владата Димитар Ковачевски, а веднаш по нив се министрите на СДСМ и ДУИ.