Свет

Земјоделците со порака до Владата: Секоја помош е добредојдена, нам многу ни значи што не не заборавивте

Владата на вчерашната седница на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе одлука преку интервентна програма да додели финансиска поддршка во висина од 3 денари по килограм на производителите на пченица кои предале пченица кај регистрирани откупни центри.

На истата владина седница се донесе одлука и за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари.

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски овие одлуки им ги соопшти на земјоделците во Пелагонискиот регион, поточно во општина Новаци.

Земјоделците со огромно задоволство ги примија овие одлуки истакнувајќи дека добро е што Владата и Министерството се сетија на нив, бидејќи изминатава Влада не се сеќаваше на нив.

„Овие одлуки што ги донесе Владата на вчерашната седница преставува поддршка за нас земјодлеците, но и стимул за да продолжиме понатаму со производство на пченица и јачмен“, истакна еден од земјоделците кои што присуствуваа на денешната работна средба со Mинистерот во просториите на Општина Новаци.

Земјоделците на Министерот му посочија Македонија за да стане помалку увозна земја потребно е помош од државата за да се произведе доволна количина на пченица.

„Очекуваме Министерството и Владата да ни помагаат на нас земјоделците, бидејќи без нивната помош и поддршка нема да можеме да одгледуваме и произведуваме храна“, изјави земјоделецот на работната средба.

To top