Македонија

За прв пат по 7 години Владата преку МОН обезбеди навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта

Суштинска определба на Владата е образованието да биде достапно за секого. Една од заложбите беше по повеќе години да се обезбеди навремено печатење и дистрибуција на бесплатни учебници за сите основци. Оваа година се става крај на учењето од скрипти и други помагала, информираат преку соопштение од Владата на Република Македонија.

Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата.

Притоа обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование, кои досега не биле отпечатени. За сите ученици Министерството за образование и наука испорача 360 илјади примероци од одобрените учебници и наставни материјали. За само два месеци се постигна тоа што не беше направено 7 години.

Она што останува да се надополни е во основното образование каде ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение поради тоа што претходното раководство во Министерството за образование и наука ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која сé уште трае.

Учебниците за секого е доказ дека на овој начин државата и Владата создава за секој еден поединец, се вели во соопштението на Владата.

Најнови вести од Македонија

To top