Регион

Ивица Дачиќ: 2.388 полицајци се присутни во училиштата во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска на почетокот на учебната година изјави дека во училиштата во државата се присутни 2.388 полицајци.

Тоа се претежно полицајци со општа надлежност, кои се грижат за непосредната безбедност на учениците и наставниците, сообраќајни полицајци, задолжени за безбедност во сообраќајот на приодите околу училиштата и Одделот за криминалистичка полиција чија задача е да ги растера дилерите на дрога, рече Дачиќ. .

Дачиќ порача дека децата не треба да се плашат од полицијата, бидејќи полицаецот е тука да ги заштити, соопшти МВР.

To top