На 31.08.2024 во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, по претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.